Фотографија и рецепт на Габриела Миленкоска

Рецептот за овој впечатлив локум со вкус на кокос ни го претстави нашата членка, почитуваната Габриела Миленкоска во групата НМД рецепти. Од ризницата на нејзината кујна можете да ги проследите и рецептите за гужвана пита, шербет татлии, пита со спанаќ и урда, како и прекрасните декорации.

Потребни состојки: 400 г вода, 400 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 150 г нишесте, 300 мл вода, прехрамбена боја, екстракт од кокос или сок од еден лимон, ситно сечкани или мелени ореви по желба, кокос за валкање

Постапка: 400 г вода, 400 г шеќер и една кесичка ванилин шеќер се ставаат на оган да зоврие и да се растопи шеќерот.

На страна се меша едно пакетче нишесте од 150 г со околу 300 мл вода, убаво да нема грутчиња. Може да го засилите вкусот со малку екстракт од кокос или сок од еден лимон (по желба).

Раствореното нишесте се истура постепено во зовриениот сируп и постојано се меша додека да зоврие. Ако сакате локумот да ви биде во боја, тогаш додајте малку прехрамбена боја до интензитетот кој го посакувате. Може да додадете и малку ореви, но не претерувајте.

Смесата се излева во малку навлажнет калап и се остава целосно да излади. Се сечат коцки и се валкаат во кокос.

Фото и рецепт: Габриела Миленкоска