Веќе одамна е познато дека глуварчето има способност да го прочистува и регенерира црниот дроб, особено кога станува збор за замастен црн дроб. Делува како диуретик и исто така, се користи при заболувања како гихт за да се исфрли од телото уричната киселина која се таложи во зглобовите и создава кристали.

Покрај ова, со своите детоксикациски моќи, глуварчето ја одржува кожата чиста и мазна. Додека пак, со своите горчливи супстанции ја подоброви дигестијата и лачењето на дигестивни сокови.

Пишува билкарот Мартин Најдовски: Собирање на корен од глуварче

Многу луѓе прават грешка при собирањето на коренот од глуварче. Пред сè квалитетот на една билка подготвена во форма на чај или тинктура зависи од тоа како е таа набрана, исушена и употребена.

Коренот од глуварче содржи млеко, а тоа млеко всушност лекува рак и други малигни заболувања.

Многу луѓе го копаат коренот, па веднаш го сечат на парчиња и го ставаат да се суши. Со оваа постапка млекото испарува и коренот уште во стартот губи половина и повеќе од лековитоста.
Друга важна работа е како тоа е набрано.

Коренот мора цел да биде откопан, непрекинат, бидејќи млекото ќе истече и не сте направиле ништо.

Коренот мора да биде откопан целосно, да биде добро исчистен и измиен и да биде така целосен ставен да се суши. Во тој случај млекото се суши во коренот и останува и сите негови лековити својства се зачувани.

Ако приготвувате тинктура тогаш го сечете го и веднаш прелијте го со ракија, млекото ќе биде испуштено во алкохолот.

Како се прави тинктура од корен од глуварче?

Потребни состојки:

20 г корен од глуварче
100 мл домашна ракија 40-50%

Постапка:

Состојките се затвораат во стаклено шише или тегла и се остава 21 ден со соекојдневно протресување. По изминати три седмици смесата се процедува и се пие по 20 капки, трипати дневно.

Фото и рецепт: Мартин Најдовски

Напомена: Сè што ве интересира во врска со подробностите околу приготвувањето на лекот, можете да го прашате Mартин на неговата фан страница Лилма.