Повеќе од 55 болести се поврзани со глутенот, протеин кој може да се најде во повеќето житарки: пченица, ’рж и јачмен, но не и во пченката и оризот.

Се проценува дека 99% од луѓето кои се нетолерантни на глутен или целијачна болест, никогаш не им е точно дијагностицирана болеста, а симптомите најчесто погрешно се толкуваат како булимија или анорексија.

Ако ги имате некои од следниве симптоми, тоа би можело да биде знак дека имате целијакија:

1.Проблеми со дигестијата, надуеност на стомакот, дијареа па дури и опстипација. Запекот особено е изразен кај децата после јадење на глутенска храна.

2.Кератозис пиларис или „кокошкина кожа“. Се појавува ситна црвена исипаност на кожата, како резултат од дефицитот на масни киселини и витаминот А, поради оштетување на цревата.

3.Замор, отежнато концентрирање, чувство на умор после јадење на глутен.

4.Дијагностицирана некоја автоимуна болест како што се: тироидитис Хашимото, ревматоиден артритис, улцерозен колитис, лупус, псоријаза, склеродерма или мултиплекс склероза.

5.Невролошки симптоми како што се вртоглавица и пореметена рамнотежа.

6.Хормонска нерамнотежа и необјаснета неплодност.

7.Мигрена и главоболки.

8.Воспаление, оток или болка во зглобовите на прстите, колената или колковите.

9.Променливо расположение, анксиозност и депресија.

10.Хроничен замор или фибромијалгија.

Еве како да се истестирате во домашни услови дали сте интолерантни на глутен:

ТЕСТИРАЊЕ

Еден од најдобрите начини за да се утврди дали имате проблеми со глутенот е да се направи елиминација на исхраната за најмалку од 2-3 недели, а потоа постепено да се воведе истата.

Имајте во предвид дека глутенот е многу голем протеин и за негово чистење од организмот се потребни неколку месеци па и години.

Со цел да се добијат точни резултати со оваа метода на тестирање, потребно е 100% елиминирање на глутенот од исхраната.

ЛИСТА НА НЕКОИ ПРОЗИВОДИ КОИ НЕ СОДРЖАТ ГЛУТЕН

Агаве,
азуки грав
алги
амарант
Артичока
бадем
гарбанчо грав
гликозен сируп
хељда

просо

грашок
јаболков оцет
јајца
какао
кикирики
киноа
кокос
компири
коноп, семе и масло
костен
куркума
леблебија
лен
леќа
луцерка
матичен млеч
мед
месо(свежо)
млеко
мунго грав
наут
овес
овошје
орев
ориз
ориз див
оризово брашно
палента
памук, семе и масло
пектин
пепсин
пиперка
прополис
пченка
пченка
рен
риба(свежа)
рицинус
свинска маст
соја
стевиа
сурутка
сусам
тофу
фруктоза
хлорела
хмељ
цимет
шафран
шеќер од шеќерна трска