Лек за Ешерихија: пишува Мартин Најдовски

Потребни состојки:

250 грама мед
200 мл маслиново масло
250 грама лимони изрендани со кора (претходно да се закиснати во сода бикарбона околу 4 часа)
250 грама корен од магдонос

Постапка:

Коренот од магдонос се меле. Сè заедно се меша во една тегла. Се зема 2 пати дневно, по 1 супена лажица наутро на гладно, 30 минути пред јадење и 1 лажица навечер, 30 минути пред вечера. Откако ќе се изеде се прави проверка, ако сè уште е присутна се прави и втора доза. Обично од 1 до 2 доза исчезнува.

Сè што ве интересира во врска со подробностите околу приготвувањето на лекот, можете да го прашате Mартин на неговата фан страница Лилма.

Eшерихија коли е најчест причинител за уринарни инфекции кај мажите и жените.
Многу честа е кај трудниците заради опуштеноста на уринарниот тракт.

Како се пренесува оваа инфекција?

Најчестиот причинител за пренесување на оваа бактерија е близината на анусот и вагината кај жените, па многу лесно го пронаоѓа патот до бешиката. Сексуалните односи исто така се честа причина за појавата на оваа инфекција, па за да ги намалите шансите се препорачува по секој однос и жената и мажот задолжително да мократ.

Причинители за оваа инфекција може да биде и настинката која го намалува имунитетот. Често пати, се јавува и заради нередовно менување на мокрите костими за капење, односно подолгото седење во мокар костим.

Неправилната и нередовна исхрана, физичката неактивност, дијабетесот, некои контрацептивни средства или недоволното внесување на течности исто така можат да ја поттикнат појавата на ешерихија коли.

Дневно би требало да внесувате околу 2 литри чај или вода, заради плакнење на бешиката и превентива од сите инфекции.