Голем број страдаат од белодробни заболувања како астма, бронхитис и разни видови кашлици.
Инфекциите, алергиите и пушењето може да предизвикаат одреден тип на белодробни болести или пореметувања.
Во продолжение на текстот можете да прочитате рецепт за приготвување на еден многу стар, но ефикасен лек кој во минатото честопати се користел за лекување на секакви проблеми со белите дробови, особено астма, како бронхијална така и срцева.
Во минатото, нашите баби го приготвувале овој лек за третирање на здравствените состојби од овој вид, а оние кои го испробале тврдат дека биле право за неговата голема исцелителна моќ.
Потребни состојки:
500 г црвен кромид
2 чаши јаворов сируп или 500 г интегрален шеќер
2 лимони
6 чаши (1,5 литар вода)
7 лажици мед
Постапка:
Ставете го јаворовиот сируп во голема тава и загрејте го на умерен ога. Доколку користите кафеав шеќер, тогаш мешајте додека тој да се растопи и да се карамелизира. Внимавајте да не ви загори.
Потоа додадете го претходно исечканиот кромид, варете неколку минути и додадете вода.
Варете на умерена температура додека водата да се намали на третина. Оставете да излади, а за тоа време исцедете го лимонот, а сокот оставете го на страна.
Додадете мед и лимонов сок во мешавината и оставете да отстои преку цела ноќ. Следниот ден процедете ја течноста и складирајте ја во стаклени шишиња.
Употреба:
По една лажица пред секој оброк. Откако ќе ја испиете целата доза, направете уште една доза. Повторувајте го третманот се додека да ви закрепнат белите дробови.
Децата би требало да консумираат по една чајна лажичка пред секој оброк.