Многумина, ананасот го сметаат за крал на овошјето, еве зошто:

Во една фелка ананас, или околу 80 – 100 грама се содржат околу 70 проценти од дневните потреби за Витаминот Ц и околу 40 проценти од дневните потреби за Манган.

После консумирањето ананас, го нема познатото дразнење во желудникот и желба за друга храна, туку едноставно две до три фелки ананас успеваат да го амортизираат чувството на глад.

Можеби по малку и поради тоа што содржи значителни количини јаглехидрати.

Состојката, односно ензимот кој што се наоѓа во ананасот, наречен “Бромелаин” има способност да ги разградува протеините и затоа се препорачува ананас после главен оброк.

Бромелаинот го поттикнува варењето и им помага на останатите ензими кои активно учествуваат во процесот на варењето, како што се пепсините и трипсините и поради тоа, ананасот е одличен при процесот на слабеење.

Огромна е помошта од ананасот и ензимот “Бромелаин” и кај оние кои активно се занимаваат со спорт.

Покрај тоа што помага при обликувањето на мускулите, ги ублажува болките и воспалението на мускулите.

Бромелаинот ги ублажува болките кои се предизвикани од артритис, а неговата помош е од непроценливо значење при ублажувањето на симптомите при хроничниот бронхитис.

При настинки, ензимот “Бромелаин” има моќ да го разредува секретот во дишните патишта и да го намалува отокот при воспаление на синусите и грлото.

Многу важно да се знае е податокот дека над 60 степени, ензимот “Бромелаин” исчезнува, така да ананасот, како и другите овошја, треба да се консумира свеж, не конзервиран, бидејќи при процесот на конзервирање можно е да биде термички обработен.

Денес би сакале да ви претставиме еден рецепт со ананас, кој делува смирувачки, ги опушта нервните влакна и ја подобрува меморијата.

Еве што ви е потребно:

½ ананас со средна големина

3 стапчиња целер

Половина салата марула – Ајсберг

1 краставица

20 грама свеж ѓумбир

Подготовка:

Се што треба да направите е да ги ставите сите состојки во блендер и да ги измиксирате.

Половина од напитокот испијте го наутро, а другата половина, навечер, еден час пред спиење.

Во меѓувреме, сокот чувајте го во фрижидер, во стаклен сад со поклопец.