Вкусни, омилени зашеќерени јаболчиња…
Потребни состојки:
10 помали јаболка
1 кг шеќер
10 стапчиња со должина од 20 см
црвена боја за колачи
Постапка:
1.Јаболката добро измијте ги, отстранете им ги дршките, а на истото место прободете го стапчето.
2.На умерена температура карамелизирајте го шеќерот додека да добие бледо жолтеникава боја.
3.Додадете ја црвената боја за колачи и тргнете го садот од оган.
4.Натопувајте ги јаболката во добиениот шеќерен сируп и редете ги во плех обложен со хартија за печење.
5.Потребно е неколку пати да ги натопите јаболката за да се добие доволно дебела глазура.
6.Доколку не е можно веќе да ги натопувате јаболката, тогаш прелијте ги со остатокот од шеќерниот сируп.