Меки се како душа, превскусни.

Потребни состојки: 2 чаши јогурт (чаша од 200 мл), 2 чаши масло, 2 прашок за печиво, 2 лажички сол, 7 чаши брашно, малку вода за натопување на погачиците, 100 г малку пропржен сусам. За фил: 1 чаша кисела павлака, 150 г шунка и 3 кисели краставички

Постапка: Во една чинија измешајте јогурт, масло, прашок за печиво, брашно и сол. Сите состојки убаво со рака замесете ги во меко тесто. Од добиеното тесто кинете парчиња и формирајте топчиња со величина на дланка. Топчињата исплескајте ги малку со дланката и наполнете ги со фил, па повторно затворете ги како топчиња.

Во еден сад ставете малку вода, а во друг сад сусам. Натопувајте ги топчињата во водата, па валкајте ги во сусамот и редете ги во плех обложен со хартија и малку намастен. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути или додека да заруменат. За фил: измешајте ги систе состојки или направете фил по ваш вкус.

coolinarika.com