Мислете дека јајцата, а особено жолчките не се добри за вашето здравје поради високиот процент на холестерол? Размислете добро…
Најчесто се препорачува омлет исклучиво од белки. Вкусот е грозен, а нема да ви ги обезбеди неопходните нутриенти.
„Исфрлањето на холестеролот од исхраната има речиси безначаен ефект кога говориме за влијанието на холестеролот во крвта и здравјето на срцето – вели Доналд Лејман, професор на одделот за испитување на храна од Универзитетот Илиноис.
Со децении, бројни експерти своето мислење го базираат врз основа на Фрамингамската студија за кардиоваскуларни болести објавена во 1948 година.
Во тој извештај особено се поврзува високото ниво на холестерол во крвта со високиот ризик од срцеви заболувања и срцев удар.
Во меѓувреме, науката дошла до поинакви сознанија, па така, утврдено е дека помал процент на луѓе со некој облик на срцеви тегоби има зголемено ниво на холестерол.
Истиот резултат открива и дека холестеролот од храната тешко се претвора во холестерол во крвта.
За да го намалите холестеролот во крвта, би требало да одбегнувате храна богата со транс масти и во исхраната задолжително да се внесат намирници богати со влакна и омега 3 масни киселини.
Ако сте здрави, нема потреба да „јадете“ холестерол, бидејќи црниот дроб е подготвен да ги надокнади сите можни недостатоци за добар холестерол.
Но, исто така, нема потреба ни да го одбегнувате, бидејќи намирниците богати со холестерол, како што се јајцата, може да ви пружат најдобар извор на протеини.
Само едно јајце ви обезбедува 6 до 7 грама протеини во зависност од величината.
Во меѓувреме, научниците од Универзитетот Сури утврдиле дека јајцата како нутриент имаат најдобар однос на нутритивна густина од сите други намирници.
Жолчките се богати со фосфор, цинк, холин, витамин Б и бројни антиоксиданти. Тоа значи повеќе енергија за вашиот организам, помалку воспалителни процеси, полесна регулација на телесната тежина, повеќе мускули и подобра работа на мозокот.
Јајцата особено им се препорачуваат на луѓе кои патат од коронарно артериски болести.