Повеќето гинеколози не препорачуваат носење на танги бидејќи станува збор за тенко парче долна облека која често се изместува и трие, а поради тоа на​жените им остава црвенило, иритирана кожа но и чести инфекции.

Во овие ситуации тангите треба дефинитивно да се одбегнуваат за да се спречат непријатните последици по интимното здравје.

1.Планирате да купите нов костим за капење

Пробувањето на костимите за капење е вообичаена активност во овој дел од годината, но тоа може да го загрози здравјето на​жените доколку во гардероберите одат во танги.

Слип гаќите ќе ве заштитат од евентуалните бактерии оставени од бројни жени кои го пробувале истиот костим пред вас, но и од нечистотијата „собрана“ од стоење во излогот.

2.Носите кратко здолниште

Голи нозе, танга и кратко здолниште се лоша комбинација за здравјето на жената, особено ако имате навика да седнувате на јавни места како што се клупите во парковите или автобусите.

Одбранете се од потенцијалните бактерии и вируси па за такви прилики одбирајте долна облека која ќе ви понуди поголема заштита.

3.Сте настинале

И најмалата настинка е добар показател дека имунитетот на телото ви ослабел, и дека сте подложни на инфекции. Во такви мигови најдобро би било да одберете памучни гаќички кои ќе ви понудат максимална удобност и заштита.

Тангата не е добар избор ни за лица кои инаку се подложни на чести инфекции на интимните делови од телото.

Која е опасноста од носењето синтетичка долна облека:

4.Не ја сакате памучната долна облека

Вештачките најлон-ткаенини поттикнуваат појава на влага и таложење на бактерии на чувствителната област од женското тело, а поради тоа настануваат чести инфекции.

Од друга страна, памукот овозможува циркулирање на воздухот околу вагината, и помага во одржувањето на здравјето на половите органи.

Ако не го сакате памукот, тогаш подобро одберете свилена долна облека, а секако одбегнувајте ја тангата.

5.Цел ден сте во облека за вежбање

Тенката облека од еластин и припиените хеланки ја запираат циркулацијата на воздухот и придонесуваат за таложење на бактериите во интимната зона.

Ако поголемиот дел од денот го поминувате во тесна облека – а особено ако вашата професија е поврзана со​вежбање​– секогаш носете си чист и сув пар резервна долна облека, за да можете да се пресоблечете после потењето, и дефинитивно одбегнувајте танга.