Она што се случува во Италија е навистина потресно, а докторите, медицинските сестри и целиот медицински персонал херојски и пожртвувано се борат за да спасат колку можат човечки животи.
Во таа борба, за жал, голем број од нив, исто така, ги загубија своите животи.
Ова на фотографијата е лекарот Никола Сгарби од Модена, кој објави селфи од своето измачено лице на кое се гледаат траги од заштитната маска која мора да ја носи додека им помага на пациентите.
На италијанските доктори кои се борат да спасат огромен број заразени пациенти, во овој момент им е најтешко во Европа. Голем број од нив објавуваат фотографии од своите надчовечки напори, со цел да ги инспирираат и другите и да им го подигнат моралот.
Еден од нив е и лекарот Никола Сгарби од Модена, кој објави селфи од своето измачено лице на кое се гледаат траги од заштитната маска која мора да ја носи додека им помага на пациентите.
Ова го напишал под фотографијата:
Не ги сакам селфињата. Вчера, сепак ја снимив оваа фотографија. После 13 часа на интензивна после вадењето на сите заштитни уреди, си направив селфи. Не сум и не се чувствувам како херој. Јас сум обичен човек кој си ја сака својата работа и кој сега, како никогаш претходно сум горд за ова што го правам, така што давам сè од себе заедно со другите прекрасни луѓе (доктори, медицински сестри, техничари, чистачи).
Затоа не се грижам за многуте часови на работа, за болките во грбот, уморот, прескокнатите оброци и уште многу од тоа. Сето ова ќе помине.
Ќе помине и благодарение на тебе и на твојата напорна работа и жртва. Ќе помине ако сме обединети во еден огромен заеднички напор. Не се откажувај. Никогаш.