Цвеќето никогаш нема да ви овене, ниту ќе има жолти листови: Измешајте ги овие три состојки и наросете ги

За да не ви овене цвеќето и за да не му пожолтат листовите, доволно е да ги измешате овие три состојки и да ги наросите на билката, па ќе ве очекува чудо.

Ако вашето цвеќе е безживотно, листовите опаѓаат или се пожолтени, тогаш одлично ќе му дојде овој рецепт кој ги враќа билките во живот.

Потребни состојки:

1 кора од банана
1 лажица мелено кафе
1 лушпа од јајце
1 литар вода

Постапка:

Loading...

Сите суви состојки ставете ги во блендер и добро сомелете ги со постепено додавање на водата.

Кога ќе добиете изедначена смеса долејте го остатокот од водата и убаво измиксајте.

Од добиената смеса со лажица наросете околу билката во почвата. Ставајте по потреба но немојте да претерувате.

Оваа смеса ќе ја прихрани билката и ќе ја излекува од болеста. Резултатите сигурно ќе ве воодушеват.

Loading...