Ова е исклучително корисно да се знае особено во ситуации кога владее опасност од зараза. Меѓутоа, дневните обврски честопати нема да ви дозволат да ги одржувате рацете чисти, толку колку што е доволно за превентива.
Во такви ситуации погодни се и антибактериските влажни марамчиња кои содржат алкохол или гел за дезинфекција.
Гел можете да направите и сами, а потребно ви се само неколку состојки.
Потребни состојки:
6 лажици алкохол медицински
2 лажици алое вера гел
1 лажица глицерин
1 лажица масло по желба*
*Како масло можете да употребите чисто базично како што е маслиновото на пример, а во него, по желба доколку сакате можете да му додадете неколку капки етерично масло, како што е на прмер од лаванда, чајно дрво, евкалиптус и сл.
Постапка:
Едноставно, сите состојки измешајте ги во шишенце и добро промешајте. Добро затворете го и користете го по потреба.