Бидејќи коронавирусот секојдневно се шири во светот, паниката расте, а маски има се помалку, добро е да го погледнете видеото подолу за да знаете како да си направите своја маска, доколку за тоа имате потреба.

Потребни состојки:

-трослојна или друга квалитетна салветка
-гумени ластичиња
-изолир-трака, селотејп или лепак за хартија

Постапката можете да ја погледнете подолу во видеото. Важно е да знаете дека маските мора да ви го покриваат носот и устата.

Додека ја правите маската рацете мора да ви бидат чисти, исто како и материјалите кои ќе ги користите. Маската се става на лице со чисти лице и не треба да се допира додека се носи. Еднаш штом ќе извадите маската, макар и само што ќе ја потурнете на брадата, вие може да ја контаминирате со вашите раце, а потоа да се доведете во опасност враќајќи ја назад.

Исто така, важно е да знаете дека заштитните маски се користат само еднаш во краток период. Еднаш кога ќе ја извадете маската веднаш фрлете ја во корпа за отпадоци, а рацете темелно измијте ги. Одбегнувајте да се допирате на лице.

Истото важи и доколку носите заштитни ракавици: Бидете внимателни што сè фаќате со нив, зошто вирусот исто така можете многу лесно да го раширите со нивна помош. Заштитните ракавици се исто така за краткотрајна (еднократна) употреба.

Еве како да направите сами заштитна маска:

Исечете парче долго 32 см.

Преклопете го листот на половина.

На стрите страни од правоаголникот ставете лепливи ленти или лепак за хартија.

Потоа залепете го правоаголникот.

Направете неколку рабови (фалти).

Залепете ги краевите на правоаголникот со леплива лента или лепак за хартија.

Сега вашата заштитна маска кога ќе ја измерите изнесува 22 см. Подгответе ги ластичињата.

Залепете ги ластичињата од двете страни и вашата маска е готова.