Многу вкусни, сочни колачиња.

Потребни состојки:

500 мл пиво
200 мл масло
100 г кокос
750 г брашно
1 прашок за печиво

за полнење:

100 г ситно рендано чоколадо

за сируп:

700 г шеќер
700 мл вода
1 ванилин шеќер
½ лимон

Постапка:

Во еден сад ставете го пивото, додадете масло, кокос, прашок за печиво и брашно. Замесете тесто и добро изработете го. Поделете го на 64 топчиња.

Секое топче валкајте го во брашно и ставете го во вдлабнувањето на малата алатка се сечење варени јајца, малку притиснете го топчето за да се направи вдлабнување, ставете половина лажичка мелено чоколадо.

Краевите од тестото спојте ги на средина за да се направи топче, па ставете го во намастен плех. Врвот на формираното топче ќе има отпечатоци ос апаратчето. Истото повторете го со сите топчиња. Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу половина час.

За тоа време направете сируп. Во еден сад ставете шеќер, вода и ванила, па откако ќе проврие варете уште 5-6 минути. Пред крај додадете сок од половина лимон.

Со топлиот сируп прелијте ги печените топли колачи и оставете ги да го впијат сирупот и да изладат.

coolinarika.com