Новото истражување направено во Jama Dermatology открива два нови симптоми кои укажуваат на рак на кожата, а тоа се болка и јадеж.
Научниците проучувале 268 лица заболени од трите најчести вида рак на кожа. Во истражувањето учествувале заболени од карцином со базални клетки, карцином со плочести клетки и меланом.
Испитаниците требало да го одредат нивото на болка или јадеж на лезиите и тоа со скала од 1 до 10. Резултатите покажале дека 37% од канцерогените лезии чешале, а 28% болеле.
Многу пациенти, 46% од нив, ги имале и двата симптоми.
Се покажало дека овие симптоми се значително послаби кога станува збор за меланом.