Home Останато Фитнес Само една вежба е доволна за да ослабите

Само една вежба е доволна за да ослабите

„Plank“ е една од најпопуларните и најефикасните вежби ширум светот. Со оваа вежба не само што се стимулираат стомачните, туку и мускулите на целото тело. Посветете само пет минути дневно и ќе бидете изненадени со резултатите.

​

Суштината на вежбата е да „лебдете“ со телото над подот само неколку минути дневно, и тоа потпирајќи се само на рацете и нозете.

Несомнено, да се задржите во оваа положба и само две минути- не е лесна задача. Во тој миг се активираат голем број мускули. Но како резултат од оваа вежба ќе имате силен грб, затегнат задник без целулит, извајани нозе, рамен стомак и убави раце.

​

КАКО СЕ ПРАВИ ВЕЖБАТА PLANK:

„Plank“ е статична вежба. Нема движења, а најважно е правилно да го држите телото. Легнете на под со стомакот надолу. Свиткајте ги лактите за 90 степени и поставете се во лежечка положба потпирајќи се на нив. Телото мора да формира права линија од главата до петите.

Потпирајте се само на лактите и врвовите од прстите на нозете. Лактите се наоѓаат директно под рамењата. Држете го телото колку што можете порамно, напрегнете ги мускулите и не се опуштајте. Обидете се да не ги спуштате колковите кон подот. Спојте ги. Ќе биде потешко да се одржи рамнотежата со што се зголемува притисокот на стомачните мускули.

<

Нозете треба да бидат рамни и затегнати, во спротивно, притисокот на правиот стомачен мускул кој го придржува лумбалниот дел од ’рбетот, исто така ќе биде намален.

​

Задникот напрегнете го и не го опуштајте до крајот од вежбата, бидејќи на тој начин ќе ја зголемите активацијата на сите мускули од долното торзо.

​

За ’рбетот ова е најважниот момент: при правилно изведување на вежбата, долниот дел од грбот мора да биде рамен. Тоа значи дека не смее да биде ни подигнат ниту вдлабнат. Замислувајте си дека вашиот грб е цврсто притиснат на некој ѕид.

Стомакот вовлечете го и во таква положба обидете се да го вовлечете уште повеќе под ребрата. Во текот на вежбата држете го стомакот во таа положба но не го задржувајте здивот.

​

За да го спречите непотребното оптеретување на рамењата, ставете ги лактите директно под рамените зглобови

​

Задржете се во оваа положба колку што можете подолго. За почеток се доволни и десет секунди. По правило, луѓето со различна физичка подготвеност се задржуваат во оваа поза од 10 секунди до 2 минути. Потоа направете пауза од две минути и повторете ја вежбата. Пет повторувања се доволни.

​

Ако сте почетник, не се обидувајте веднаш да направите рекорд, започнете полека.

​

Многу е важно вежбата да се спроведува секојдневно, а по можност и во исто време.

Бенефитите од вежбата „Plank“:

​

-Затегнат задник. Вежбата е насочена на глутеалниот мускул и задниот мускул на ногата. На тој начин не само што ќе го добиете посакуваниот облик на задникот, туку ќе се ослободите и од целулитот.

​

-Посилен грб. За време на вежбата се активни долните грбни мускули, а исто така и рамењата и вратниот дел. Значи, оваа вежба може да послужи како превенција од остеопороза во вратниот дел и лумбалниот дел на ’рбетот. Освен тоа, ќе се ослободите од болките во рамењата и помеѓу лопатките, кои настануваат како последица од носење на тешки торби или долго седење на работното столче.

​

-Затегнати и привлечни нозе. Главниот терет во вежбата паѓа на нозете. При тоа се вклучени сите мускули на нозете- од колковите до листовите. Нема место за загриженост ако почувствувате пецкање во мускулите-тоа е знак дека тие се во функција.

​

-Затегнати раце. Сосем е очигледно дека заедно со нозете во оваа вежба интензивно се тренираат и рацете. На нив се потпира половина од телесната тежина.

​

-Рамен стомак

. Кога целото тело е напнато, автоматски се активираат стомачните мускули, како долните, така и страничните

Еве како оди шемата по денови:
​
Ден 1 – 20 секунди

​

Ден 2 – 20 секунди

​

Ден 3 – 30 секунди

​

Ден 4 – 30 секунди

​

Ден 5 – 40 секунди

​

Ден 6 – одмор

​

Ден 7 – 45 секунди

​

Ден 8 – 45 секунди

​

Ден 9 – 60 секунди

​

Ден 10 – 60 секунди

​

Ден 11 – 60 секунди

​

Ден 12 – 90 секунди

​

Ден 13 – одмор

​

Ден 14 – 90 секунди

​

Ден 15 – 90 секунди

​

Ден 16 – 120 секунди

​

Ден 17 – 120 секунди

Ден 18 – 150 секунди

​

Ден 19 – одмор

​

Ден 20 – 150 секунди

​

Ден 21 – 150 секунди

​

Ден 22 – 180 секунди

​

Ден 23 – 180 секунди

​

Ден 24 – 210 секунди

​

Ден 25 – одмор

​

Ден 26 – 210 секунди

​

Ден 27 – 240 секунди

​

Ден 28 – издржете колку што можете