Сите љубители на храната можат да здивнат, бидејќи е пронајден начин како килиграмите сами да се топат, а себеси да не мора да се ограничувате во количината на храна која ја внесувате.

Едноставно! Постојат намирници кои ќе ви помогнат во слабеењето поради негативните калории кои ги поседуваат.

Негативни калории поседуваат оние намирници кои кога се внесуваат во организмот тие поседуваат помалку калории отколку што е потребно за истите да се сварат.

Такви намирници може да се сретнат меѓу овошјето, зеленчукот и зачинските билки. Во оваа група спаѓа и храната со низок гликемиски индекс, а голем процент на влакна.​

Кај зеленчукот во таа група спаѓаат: боранија, цвекло, кељ, зелка, морков, карфиол, целер, ротквици, краставица, грашок, праз, зелена салата, спанаќ, домат.​

Кога станува збор за овошјето, тука спаѓаат:

Кога станува збор за овошјето, тука спаѓаат: јаболка, боровинки, брусница, цитрон, лимон, лимета, малина.​

А од зачини се препорачуваат: цимет, каранфилче, коријандер, ленено семе, лук, ѓумбир, кромид, магдонос.​

Важно е намирниците да ги внесувате во свежа форма, да користите блендер но само ако приготвената храна ја користите истиот ден и доколку навистина сакате да ослабете, важно е во текот на денот да внесувате барем 1 кг од оваа храна.

Напомена: Ако се определите за било кој вид на диета, во овој случај диета на база зелечнук, претходно е важно да посетите нутриционист за да знаете дали овој вид на мени му одговара на вашиот организам.