Туморот на тестиси може да се открие во почетен стадиум, за што е неопходен редовен преглед.
Туморот на тестиси може да се открие во ран стадиум. Во повеќето случаи задебелувањето на тестисите е првиот симптом, а понекогаш тестисите отекуваат и се зголемуваат. Меѓутоа, повеќето мажи не согледуваат дека нешто е погрешно се додека туморот не се зголеми и не добие поголеми размери.
Многу од докторите сметаат дека проверувањето и прегледот на тестиси треба да биде дел од систематскиот преглед.
Мажите со висок фактор на ризик, како што е семејна историја со карциномни болести, зголемен тестис или веќе еднаш преживеан рак на тестиси, би требало почесто да одат на прегледи, а на сите мажи им се советува еднаш месечно да направат самопреглед на тестисите.
Најдобро време за самопреглед на тестиси е после бања или туширање, кога кожата на скротумот е опуштена.
Еве што треба да направите:
-Држете го пенисот за да не ви пречи при самопрегледот и проверувајте ги еден по еден тестисите.
-Фатете го тестисот помеѓу палецот и останатите прсти од двете раце и нежно тркалајте го меѓу прстите.
-Погледнете дали има било каква визуелна промена на тестисот во величина, облик, текстура, а потоа почувствувајте дали имате некои згрутчувања или задебелувања.
Сосем е нормално едниот тестис да биде поголем, или да е пониско поставен од во однос на другиот.
Исто така би требало да знаете дека е нормално секој тестис да има мала намотка (епидермис), која се чувствува како мал пад на горната или средната надворешна страна на тестисот.
Ако почувствувате израсток, не паничете веднаш, туку обратете се на лекар, бидејќи постојат многу причини, кои не вклучуваат карцином.