Анализите покажале дека кефирот има трипати повеќе добри бактерии од јогуртот и дека е многу поделотворен во исхраната.
За оние помалку упатените, кефирот – наједноставно кажано, е ферментирано млеко кое содржи важни пробиотички култури. Идеален е за желудникот, за работата на цревата, ја поттикнува нивната работа, ги прочистува од лоши бактерии и докажано е дека тој е одличен природен пробиотик.
Поради големиот број позитивни бактерии што ги содржи, кефирот е одличен лек против подуеност на стомакот, а докажано ги намалува гасовите во организмот.
Лицата кои имаат гасови во цревата, без разлика на тоа што и кога јадат, секојдневно би требало да пијат кефир.
На здравите лица им се препорачува кефир како превенција и како природен пробиотик. Исто така, според советите на нутриционистите, најдобро е кефирот да се приготвува дома – поевтино е, а можете да добиете и поголема количина.
Препорачана дневна доза кефир за сите лица е околу еден литар, мах 1,5 литар, не повеќе.
РЕЦЕПТ ЗА ПОДОБРА РАБОТА НА ЖЕЛУДНИКОТ
Доколку имате проблем со желудникот, доволно е да земете чаша кефир и во него да ставите една супена лажица мелено ленено семе и проблемот ќе биде решен за неколку минути. Промешајте ја мешавината и полека испијте ја.
КЕФИР СЕ ПРИГОТВУВА ОД КЕФИРОВИ ЗРНА
Потребна ви е една супена лажица кефирни зерна кои прво ќе ги измиете, а потоа ќе ги ставите во стаклена тегла и ќе ги прелиете со 250-300 мл домашно млеко (во оригиналот пишува –неварено млеко). Меѓутоа, напитокот исто така, може да се приготви и од купечко млеко, но домашното е поквалитетно.
Теглата покријте ја со газа за да може да ферментира, па оставете ја да отстои 24 часа на собна температура.
Потоа кефирот процедете го и напитокот е подготвен.
Коментар на Љубе Ванда:
”Теглата со кефир и млеко се покрива со газа или хартена салветка, не смее да се затвори со капак, затоа што ќе биде оневозможена ферментацијата и ќе изумрат кефировите габи. Се остава 24 часа на собна температура, па се процедува низ пластична цедалка. Не смее да се употребува метал, се користи исклучиво пластична или дрвена лажица.”