Тортата е лесна како снежна снегулка која се топи во уста. Оваа ледена торта ќе ве освои со првиот залак.
Потребни состојки:
6 белки
6 лажици шеќер
6 лажици брашно
300 мл млеко
За крем:
6 жолчки
6 лажици шеќер
250 г маргарин за креми/путер
За крем од ванила:
300 мл млеко
1 пудинг од ванила
3 лажици шеќер
за крем од чоколадо:
300 мл млеко
1 пудинг од чоколадо
3 реда чоколадо
1 лажица шеќер
за декорација:
500 мл слатка павлака или
2 кесички шлаг
250 мл млеко
Постапка:
Најпрво вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени.
Белките со шеќерот изматете ги во цврст снег додека да стане густ и сјаен. Додадете брашно и промешајте со лажица, внимавајќи да остане смесата воздушеста. Потоа оваа смеса рамномерно распоредете во калап за торти 24 см, или во плех за печење 24х24 см.
Калапот намастете го и набрашнете го или обложете го со хартија за печење. Ставете да се пече во загреаната рерна 10-15 минути. Додека е топол бисквитот прелијте го со 300 мл врело млеко и оставете го на страна да се лади.
За крем:
На пареа изматете ги жолчките со шеќерот додека смесата да стане пенаста и густа. Оставете ја да излади па потоа додадете 250 г омекнат путер на собна темепратура и со миксер добро изматете го кремот додека да се изедначи.
Добиениот крем поделете го на два дела.
За крем од ванила:
Одземете малку млеко за да го промешате пудингот од ванила и шеќерот, а остатокот ставете го на оган да зоврие. Сварете го пудингот со постепено додавање и постојано мешање додека да згусне. Во изладениот пудинг додадете ја едната половина од кремот со жолчки и добро промешајте.
За крем од чоколадо:
Одземете малку млеко за да го промешате пудингот од чоколадо и шеќерот, а остатокот ставете го на оган да зоврие. Сварете го пудингот со постепено додавање и постојано мешање додека да згусне.
Додека е топол пудингот додадете го чоколадото искршено на коцки и промешајте додека тоа да се растопи и соедини. Во изладениот пудинг додадете ја втората половина од кремот со жолчки и добро промешајте.
Врз изладената кора прво нанесете го кремот од ванила, рамномерно распоредете и израмнете, а потоа кремот од чоколадо. Најгоре нанесете изматен шлаг (или слатка павлака).
Тортата е најдобро да се остави неколку часови во фрижидер или преку ноќ, а потоа да се сече и послужи.