За револуционарниот производ наводно веќе одамна се говори во некои делови од Хрватска и Босна и Херцеговина.
Ако им се верува на оние кои ја пробале билната мешавина, калуѓерката Љубица Ковач, открила спасоносен лек за смртоносната бактерија Ешерихија коли!
Ешерихија коли е грам негативна бактерија која се населува во цревата на човекот и животните.
Претставува дел од цревната флора и неопходна е за процесот на варење и синтеза на некои супстанции, на пример витаминот К и разградба на лактозата.
Оваа бактерија исто така, е индикатор за загаденост на водата со фекалии и е една од најчестите бактериски инфекции кај човекот.
Може да предизвика инфекции на гастроинтестиналниот, урогениталниот тракт, сепса, менингитис (кај новороденче), воспаление на белите дробови итн..
За револуционерниот производ чии состојки може да се пронајдат речиси во секоја продавница, наводно веќе одамна се знае во некои делови на Хрватска и Босна и Херцеговина.
Бившата пациентка Ана тврди дека Љубица и го спасила животот кога после бременоста се заразила со Ешерихија коли.
Како што таа вели, не можеле да и помогнат ниту различните антибиотици кои тогаш и ги припишувале, туку и помогнала само оваа чудотворна комбинација на калуѓерката.
Со надеж дека никому нема да му притреба, таа го открива овој спасоносен рецепт:
„Коренот од магдонос треба да се испере, па да се сомеле на машина, а исто така и лимонот.
Сето заедно да се измеша и да се складира во 200 г мед и 200 мл маслиново масло. Смесата се чува во стаклена тегла.
Се користи по една супена лажица пред појадок, а една пред вечера, и така се додека не се потроши.
Кога ќе ја потрошите оваа количина, одете на преглед. Ако се’ уште има бактерија повторете со уште со една доза“ – открива Ана.
Потребни состојки:
250 г корен од магдонос
250 г лимон со кора
200 г мед
200 мл маслиново масло.