Доколку на лекар ви кажале дека имате покачени маснотии, тогаш се препорачува овој лек. Поради брзиот начин на живеење, лошата исхрана и недостиг на физичка активност, зголемениот холестерол и триглицеридите во крвта, денес е честа појава.
Понекогаш, кај зголемените масти може да се забележат наслаги од масно ткиво со жолта боја во облик на плочки или јазолчиња на горниот дел од очниот капак или на друг дел од телото. Меѓутоа, за жал, во почетокот на заболувањео облично немаме никакви симптоми.
Како напреднува болеста така доаѓа до задебелување на ѕидовите од крвните садови, артериосклероза, на што придонесуваат и други ризик фактори (пушење, алкохолизам, никотин). А, сето тоа за жал резултира најчесо со цереброваскуарни заболувања кои се водечка причина за смртност, како кај нас, така и во светот.
Единствен начин за дијагностицирање на болеста е по пат на лабораториски анализи. Доколку имате наоди кои укажуваат на ова заболување, би можеле да го пробате овој едноставен природен лек кој кај многумина има брз ефект.
Потребни состојки:
3 суви смокви
200 мл јаболкова киселина
Постапка:
Лекот се приготвува навечер, а се пие наутро. Земете три суви смокви и добро избоцкајте ги со чепкалка за заби од сите страни. Потоа ставете ги во стаклена тегла во која сте ставиле 200 мл домашна јаболкова киселина.
Ако сте ги закиселиле навечер во 20 часот, тогаш треба да ги изедете во 8 часот наутро, следниот ден.
Остатокот од оцетот на го фрлајте, туку во истата киселина следната ноќ избоцкајте и ставете нови три суви смокви.
Тие 200 мл оцет користете ги 7 дена, но поголемиот дел ќе го впијат натопените смокви. Осмиот ден дополнете со нови 200 мл јаболкова киселина, па постапката повторете ја уште една седмица.
Терапијата трае 14 дена. Покрај овој рецепт, придржувајте се на здрав начин на исхрана и зголемете ја физичката активност. После половина месец, повторете ги анализите и уверете се во ефикасноста на овој природен лек.