За жал, зимно време кога воздухот е ладен и загаден, честопати сме лишени од свеж и пријатен воздух, бидејќи прветрувањето е невозможно.
За жал, денес повеќето луѓе посегнуваат по разни освежувачи за простории кои навистина се еден вид на решение, но исто така, можат да бидат и опасни по здравјето, бидејќи го зголемуваат ризикот за заболување од рак или астма.
Меѓутоа, постои едно ефикасно и природно решение кое не чини многу а резултатите се совршено мирисни.
За да направите домашен освежувач на воздухот, потребни ви се:
4 лажички сода бикарбона
2 капки масло од лаванда и
3 чаши вода
Сè што треба е да ги измешате овие состојки во еден сад, па потоа да ги преточите во чист сад со распрскувач. Користете по потреба.
Прскајте врз завеси, драпери, украсни перничиња, теписи…
Мирисот и свежината која ќе ја преплави просторијата ќе го воодушеви секој ваш гостин.
Напомена: некои еденцијални масла не се препорачуваат за бремени жени, па во таков случај консултирајте се со вашиот лекар.
Исто така, можете да ставите на оган тенџере со вода, во кое сте додале неколку стапчиња цимет, канфилче, ванила, кора од портокал или некој друг зачин кој вам пријатно ви мириса. Оставете да врие, а испарувањата да ја исполнат вашата просторија и истовремено ќе направите ароматерапија.