За жал, не постои волшебно стапче за елиминација на вишокот килограми. Меѓутоа, со доволна физичка активност, повеќе движење на чист воздух и здрава исхрана, можете брзо да ја прилагодите и нормализирате вашата телесна тежина.

Она што ќе ви помогне да го забрзате губитокот на килограмите, е овој напиток кој можете да го направите од природни состојки кои можеби веќе ги имате во вашата кујна.

Ќе ви го покажеме најдобриот рецепт за намалување на телесната тежина, кој ќе ви помогне секојдневно да го намалувате обемот на салото од вашиот стомак. Кај некои случаи, процесот оди толку брзо, што дневно успеваат да намалат и до 1 см сало од стомакот.

Но, овој напиток не е добар само за намалување на вишокот килограми.

Тој ќе ви помогне да ја елиминирате вишокот задржана вода во организмот, ќе ви ја подобри функцијата на вашиот мозок, слух и вид.

Потребни состојки:

125 г рен
4 лимони
2 см свеж ѓумбир
3 лажици мед
2 лажици цимет

Постапка:

Прво исчистете го ренот и ѓумбирот, излупете ги и ставете ги во блендер. Додадете лимон, а ако не користите органски, тогаш само сокот исцедете го.

Потоа додадете цимет и мед. Сето убаво измешајте го и складирајте го во стаклена тегла. Се чува во фрижидер.

Употреба:

По една лажица наутро на празен стомак и една лажица пред спиење. За најдобри резултати, консумирајте го сирупот во период од три седмици.

Зошто ренот е добар за здравјето?

Исхраната со рен е особено корисна за дијабетичарите, но и за оние кои немаат енергија и постојано се уморни, како и за оние со успорен метаболизам.

Ренот се корсти како зачин за различни јадења, особено за месото. Листовите на оваа билка се богати со витамин Ц, каротен и хлорофил.

Исто така, содржи значителна количина на калиум, фосфор, хлор, сулфур и витамин б. Оваа билка го чисти целиот организам и го забрзува метаболизмот.

Ги штити внатрешните органи од малигни заболувања, како се желудникот, црниот дроб, тенкото и дебелото црево.

Исто така, содржи феноли, етерично масло, асапарагин, смола, скроб и сахариди. Поради сите овие состојки во народната медицина се препорачува како лек за кашлица, синуси, бронхитис, астма и ревматизам. Го јакне имунитетот и штити од настинки.

Се користи и како лек против затнување на крвни садови, а го подобрува и варењето на храната.

Се препорачува за исфрлање на камења од бубрег. Како лек се консумира во облик на чај, сируп, вино, тинктура или кисело, ферментирано јадење.

Кога се консумира ренот, треба да се изма предвид, исто како и кај другите билки, дека треба да се води сметка да не се земаат преголеми количини, бидејќи може да предизвика дијареа и повраќање.

Зошто ѓумбирот е корисен за здравјето?

Ѓумбирот зазема посебно место во бројни кујни поради специфичноста на аромата и остриот, пикантен вкус кој го издвојува од другите зачини, но и поради своите лековити својства.

Со илјадници години се користи и како зачин и како лек, а така е и до ден денешен. Во својот состав има хранливи материи, но главно содржи витамин Ц, калиум, железо, калциум и магнезиум.

Свежиот ѓумбир помага да се намали нивото на лошиот холестерол. Истовремено, ја намалува подуеноста на желудникот.

Позитивно влијае врз обновувањето на цревната флора и има лаксативен ефект. Силните главоболки и мигрените можат да се ублажат со консумирање на неколку тенки парчиња свеж ѓумбир.

Ѓумбирот во прав помага да се ослободи абдоминалната болка. Ги ублажува болните симптоми од артритисот, грипот или настинката.

Бројни студии покажуваат дека користењето на ѓумбирот во прав го успорува растот на канцерогените тумори и се покажал како одличен додаток за ублажување на ефектите од хемотерапија, како што се мачнините и повраќањето.

Позитивно влијае врз опуштање на уморните мускули после исцрпувачка физичка активност.

Ѓумбирот во прав ја забрзува циркулацијата и спречу коагулација на крвта. Затоа не треба да се претерува и да се консумираат преголеми количини.

Овој рецепт секако треба да се проба, а вие ќе бидете изненадени од резултатите.