Овој метод овозможува брзо нормализирање на телесната тежина и согорување на масните наслаги. Забележан е позитивен ефект врз регулацијата на липидниот метаболизам.
Брашното од ленено семе е во состојба да апсорбира и елиминира токсини во организмот, да го намали нивото на лошиот холестерол во кр-вта…
Индикации за употреба:
-воспалителни процеси на слузокожата на горниот респираторен тракт
-гастроинтестинален тракт
-колитис
-чир на желудникот и дванаесетпалечно црево
-болести на уринарниот тракт
-циститис
-пилонефритис
-прекумерна телесна тежина
-нарушен липиден метаболизам
РЕЦЕПТ – за чистење на цревата со брашно од ленено семе
Три седмици наместо појадок консумирајте ја оваа смеса:
1.седмица: 1 лажица мелено ленено семе помешано со 100 мл кефир
2.седмица: 2 лажици мелено ленено семе помешано со 100 мл кефир
3.седмица: 3 лажици мелено ленено семе помешано со 150 мл кефир.
Најдобро е сами да си го мелете лененото семе непосредно пред употреба. Немојте да правите залихи за повеќе денови, зошто семето може да оксидира и после не е добро за употреба. Најдобро е за секое утро – нова порција.
Оваа смеса треба да се консумира наместо појадок. Задолжително треба да се пие многу вода, најмалку 2 литри дневно.
Одлични резултати се постигнуваат со консумирање на медена вода и ако јадете салата од зелка, морков и цвекло за вечера.