Малото куче што претходно го спасиле од улица, за кратко време стана вирална атракција поради неговите неверојатни вештини да пее и свири на пијано.
Бади Меркјури е симпатично куче кое веднаш ќе ви го освои срцето. Многу сака да пее и да си игра со деца.
Луѓето што го чуваат пред извесно време закачија видео на Интернет, во кое тоа заносно свири на пијано и страсно пее, а малото девојче танцува со својата рок гитара.
Набрзо видеото стана вирално и имаше преку 4 милиони прегледи. Погледнете го, па ќе видите зошто.
Бади Меркјури го добило своето име по познатиот пеач на рок групата Квин, Фреди Меркјури.
Бади дури има и свој веб сајт, каде фановите можат да ги погледнат и слушнат неговите најнови изведби.
Погледнете го ова слатко видео кое ќе ви го растопи срцето: