Јаболкова раванија: Најубавата македонска слатка пита

Фотографија и рецепт на Љиљана Станковиќ

Стар македоснки рецепт на кој годините не му можат ништо. Сè уште се приготвува и за многумина е омилениот колач.

Потребни состојки: 3 јајца, 1 чаша шеќер, 3 јаболка, 250 г мелени ореви, 200 г гриз, 1 ванилин шеќер и 1 прашок за печиво. За шербет: 2 шолји шеќер и 3 шолји вода

Постапка: Јаболката измијте ги добро, излупете ги, па крупно изрендајте ги. Потоа јајцата изматете ги со миксер, додадете го шеќерот и матете додека смесата да згусне и запени.

Во изматените јајца додадете го гризот, ванилин шеќерот, прашокот за печиво, ренданите јаболка, мелените ореви и мешајте додека смесата да се изедначи. Добиената смеса излејте ја во намастена и набрашнета тркалезна тепсија, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 40 минути.

За тоа време пригответе го шербетот: Во едно тенџере ставете вода и шеќер, па кога ќе зоврие оставете уште минута-две, па тргнете од оган. Печениот колач оставете малку да подизлади па пресечете го на ромбови, па прелијте го со топол шербет. Оставете малку да отстои за да се впие шербетот.

Претходна статијаТриаглести крофнички на поинаков начин – меки и пуфкасти како памук, лесни и едноставни за подготовка
Следна статијаТатко си дошол дома и ја нашол ќерка си како танцува додека кучето што го спасиле, свирело пијано