Лек за јакнење на имунитетот и лекување на ОСТЕОПОРОЗА, болест која ги погодува жените после менопауза…Фото и рецепт: Дафинка Дивљаков

Ова е стар лек кој потекнува од Тибет, а донесен на нашите простори од некој трговец, пред еден век.

Лекот може да го консумира секој, но првенствено е наменет за зголемување на имунитетот, како и за лекување на остеопорозата, болест која најмногу ги погодува жените после менопауза.

Потребни состојки:

1 тегла мед
5 лажици ленено семе
3 лажици сусам
3 лажици суво грозје
3 лажици семки од сончоглед
3 лажици пченични ‘ркулци

Постапка:

Најпрво пригответе ги пченичните ‘ркулци.

Пченицата ставете ја во чиста стаклена тегла и налејте ја со вода, колку да биде покриена. Оставете да отстои така преку ноќта. По 10-12 часа процедете ја пченицата преку газа и добро исплакнете ги зрната со ладна вода или вода на собна температура.

Пченицата повторно ставете ја во чиста тегла. После 24 часа таа ќе из’рти со ’ркулци од 1-2 мм. Ако не из’ртила за тоа време, повторете ја постапката уште еден или два дена.

Ако воопшто не из’рти, фрлете ја, бидејќи најверојатно сте купиле генетски модифицирана пченица која не е жива. Кога ќе ја мириснете треба да мириса убаво, на ферментиран квас. Ако мириса на скапано – фрлете ја.

Потоа сите состојки фино сомелете ги и измешајте ги. На крај додајте го медот и повторно измешајте за да се изедначи смесата.

Јас правам половина од количините и уште додавам по една лажица мелен рогач и една лажица мелен цимет.

Употреба: По една лажица до две лажички наутро на гладен стомак.

Мене ми помага, можеби ќе му помогне и на некој друг.

Фото и рецепт: Дафинка Дивљаков