Седум закони на добро живеење!
Андреј Курпатов, психотерапевт, писател и колумнист, поставил златни правила за добро живеење.
1.Никогаш не ја префрлајте одговорноста за она што ви се случува во животот врз некој друг
Разбирам дека постои константно искушение да обвинувате некој друг, тоа можеби е најесниот начин да се оправдате себеси.
Вистина е дека нема да си помогнете доколку не прифатете дека само вие сте автор на сите свои неуспеси и креатор на сите свои успеси.
2.Прифатете го фактот дека не можете да го промените минатото – готово е
Можеме да влијаеме само на иднината, а таа зависи од она што сега го правиме. Мора да се потрудите најдобро што умеете, доколку сакате да имате убава иднина.
3.Исфрлете ја илузијата дека можете да ги промените другите
Потсвесно, сите ја имаме таа наивна илузија дека можеме некого да го промениме. Како резултат на тоа, патиме, бидејќи тоа не можеме да го спроведеме во дело.
Само околностите можат да ги променат луѓето – сè останато е само перцепција на илузија. Дозволете им на другите да бидат различни, да бидат она што се. Во некој момент, можеби дури ќе започнете да уживате во нив.
4.На луѓето сме им потребни кога сме силни
Никому не сте му потребни кога сте слаби, уморни, кога патите или кога сте несреќни. Ако луѓето глумат дека ве сакаат кога сте слаби, да знаете дека ве лажат. Не подлегнувајте на такви лаги. Едноставно сложете се со апсолутноста на ова правило, издишете, обидете се да го промените расположението…
5.Сите наши постапки имаат последици
Всушност, ние секогаш имаме избор – не што ќе правиме, туку што ќе биде резултатот од нашите постапки. Затоа, секогаш размислувајте за последиците. Така ќе има помалку глупави работи кои ќе ви се случуваат во животот.
6.Работете го она што вам навистина ви е важно
Ако се прашувате што е смислата на животот, најверојатно сте станале малку депресивни. Она што е најважно, не е “смислата на животот”, туку чувството дека го живеете животот смислено.
Работете го она што сметате дека е од голема важност. Не заборавајте да се потсетите на то одвреме навреме. Не го следите слепо само успехот, затоа што тоа го прават сите околу вас. Ако едноставно го правите она што чувствувате дека е важно, успехот загарантирано ќе дојде.
7.Не си го трошете времето и енергијата на оние на кои не им е гајле за вас или на оние кои не ве сакаат
На овој свет постојат многу луѓе на кои им се допаѓате и би биле среќни да бидат со вас. Само немојте да бидете затворена и скептична личност. Верувајте ми – отвореноста и добрината ќе ви помогнат да ги добиете сите бенефити.