Фантастичен колач за само 10 минути, без печење, со мед, ореви, чоколадо и корнфлекс

Брз и вкусен колач, погоден за секој ден, но и за слави и родендени.

Потребни состојки:

250 г маргарин
250 г шеќер
5 супени лажици мед
100 г чоколадо
150 г сечкани ореви
250 г корнфлекс

Постапка:

Маргаринот, шеќерот, медот и чоколадото растопете ги на средно силен оган.

Loading...

Тргнете го тенџерето од оган, па додадете ги оревите и корнфлексот.

Добро промешајте да се изедначи смесата.

Излејте ја во намастен плех или калап.

Рамномерно распоредете и притиснете до саканата висина.

Кога ќе се олади ќе се стегне, сечете на штангли или други облици.

Loading...