Приготвувањето на смесата за палачинки би требало да биде еден од наједноставните зафати во кујната, но факт е дека на многумина им задава главоболки.
Меки, пенасти и ронливи палачинки тешко е да се направат доколку немате добро тавче и добар рецепт.
Ова е рецептот на нашите баби кој е едноставен и после кој нема да барате подобар:
Потребни состојки:
3 јајца
250 г брашно
350 мл млеко
100 мл газирана вода
Малку сол
2 лажици масло
Пола лажичка рум
Приготвување:
1.Пенасто изматете ги јајцата додека да добиете густа хомогена смеса, па додадете ги маслото и млекото па измешајте.
2.Потоа со непрестајно мешање додетете го брашното, малку по малку, додадете прстофат сол и малку рум (за да се добие арома и да се спречи впивањето на маслото).
3.Доколку смесата ви се чини дека е малку густа (зависи од брашното), додадете уште малку газирана вода.