На голем број уживатели на цигари им е здодеано секојдневно да ги слушаат советите дека треба да престанат со пушењето за да го заштитат своето здравје.
Сите знаеме колку се штетни цигарите и каков ефект има врз човековиот организам и дека треба што поскоро сите да се спасат од таа лоша навика.
Ако досега не сте ги истражиле штетните ефекти од пушењето цигари, тогаш навистина е време тоа да го направите.
Цигарите можете да ги оставите доколку имате голема мотивираност за тоа, огромна желба за подобрување на здравјето и потребно е да бидете доста упорни.
Започнете да водите сметка за здравите навики во животот, консумирајте исклучително здрави намирници, започнете повеќе да се движите, да вежбате, односно да бидете физички поактивни.
Многу е важно што повеќе да се трудите и да не се откажувате!
Општопознато е дека цигарите се канцерогени, но освен што негативно делуваат врз здравјето, тие исто така негативно влијаат и врз кожата и забите кои после некое време пожолтуваат.
Освен тоа, вашето тело започнува побрзо и полесно да старее!
Она што може да ви помогне за да ги исчистите белите дробови и полесно да престанете со пушење, е овој природен лек.
Потребни состојки:
400 г лук
400 г мед
малку ѓумбиров корен
2 лажици куркума
1 литар вода
Постапка:
Ставете вода на оган да зоврие, а потоа додадете го ѓумбирот и лукот. Тргнете го садот од оган, оставете да излади, па процедете.
Потоа додадете мед, лимон и куркума.
Се користи двапати дневно, по две лажици наутро на гладен стомак и две лажици пред вечера.
Се чува во стаклен сад во фрижидер. Консумирајте барем две седмици.