Многу вкусна погача, раскошна, а многу едноставно се приготвува.

Потребни состојки: 900 г брашно, 40 г квасец, 200 мл млеко, 1 лажица шеќер, 100 мл масло, 2 лажички сол, 400 мл вода и 1 јајце за премачкување:

Постапка: Во просеано брашно направете вдлабнување, па во него издробете го ситно квасецот, ставете 1 лажица шеќер и 200 мл млако млеко и 100 мл масло, 2 мали лажички сол. Измешајте убаво, па со постепено додавање на млака вода замесете го тестото со рака. Потоа завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го да стасува околу 30 минути.

Кога ќе стаса тестото и ќе се удвои, премесете го на набрашнета работна површина, па поделете го на два дела, од кои едниот да биде помал (околу една третина од вкупната количина).

Од поголемиот дел од тестото (две третини) развлечете правоаголна кора и преку целата површина премачкајте ја кората со растопен путер. Свтиткајте ја како ролат. Од ролатот исечете ги краевите (со должина од околу 5-6 см) и сочувајте ги за крај.

Ролатот исечете го на парчиња со дебелина од 1,5-2 см, па редете ги во намастен тркалезен калап едно до друго, така што малку да им се поклопуваат краевите (како за погача Слоново уво).

Помалиот дел од тестото исто така развлечете го во правоаголна кора и премачкајте ја со растопен путер. Едната страна од кората исечкајте ја на ленти со широчина од 1,5-2 см (како за кифли), а ролатот започнете да го виткате од непресечената страна. Потоа свиткајте го како полжав.

Во средината на тепсијата поставете го „полжавот“. Целата погача прво премачкајте ја со растопен путер, а потоа со изматено јајце. Во средината ставете ги двата пресечени краја од првиот ролат, еден врз друг, па и нив премачкајте ги. Одозгора наросете су сусам, ким или нешто по ваш вкус.

Оставете ја да стасува околу половина час, па ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 40-50 минути. Деталите можете да ги погледнете во видеото: