Можеби не знаевте дека постои, но станува збор за еден од најсмртоносните канцери на светот. Колку и да ви е срам за тоа да зборувате, доколку забележите некои од знаците наведени подолу, мора да побарате лекарска помош.
Анален канцер претставува еден од наягресивните облици на рак, а особено ако се открие предоцна, бидејќи тогаш може да биде и фатален. За жал, луѓето и кога ќе забележат дека нешто не е во ред со нивната интимна зона, најчесто се срамат да говорат за тоа и да побараат помош.
Затоа, време е отворено да се проговори за оваа табу тема, бидејќи во овој случај – срамежливоста може да убие!
Дури ни лекарите не се доволно упатени со овој вид на тумoр, па често го превидуваат иако од него секоја година заболуваат и до 40 000 луѓе во светот.
Ако се открие благовремено и веднаш се започне со лекување, шансите за преживување се преку 65%. Иако аналниот канцер најчесто ги погодува лица на возраст над 60 години, во последно време се’ повеќе расте бројот на заболени помлади лица.
Овој канцер исто како ракот на грлото од матката и туморот на пенисот најчесто настанува како последица од инфекција со ХПВ вирус, познат по тоа што создава кондиломи, од кои за жал патат голем број млади луѓе.
Аналниот рак се развива на самиот отвор на анусот, а кога мутираните клетки ќе започнат абнормално да се размножуваат, канцерот се шири понатаму во ректумот и дебелото црево. Поради голем број лимфни чворови во близината, ракот се заканува да се прошири со метастази по целото тело.
Ова се најчестите симптоми за анален карцином, кои не смеете да ги игнорирате:
-јадеж во анусот
-болка во анусот
-невообичаена столица
-анално крвавење
-необичен секрет од анусот
-брадавички или било какви израстоци во близина на анусот.