Родителскиот благослов е најголемото наследство кое децата може да го добијат. Особено мајчинскиот благослов – тоа е најважното нешто!
„Секој си ја сака својата мајка без размислување, бидејќи тоа е природно како дишењето: Дури во миг пред разделбата, секој сфаќа колку е длабок коренот на таа љубов. Со таа љубов не може да се спореди ниедна друга љубов, бидејќи сите останати се појавуваат подоцна во животот, додека оваа е од раѓање.
Сите останати ни носат случајности во животот, а оваа од првиот ден живее во нашата крв. Покрај тоа, ние тогаш не ја губиме само мајката, со нејзе исчезнува и половина од нашето цело детство, бидејќи во нашиот досегашен живот таа зазема исто толку место колку и ние.“ – Ги де Мопасан
Оваа приказна за мајката е најдобро да се започне со цитатот на Ги де Мопасан кој, како што можете да видите, на многу убав начин, со неколку реченици, успеал да ја објасни таа љубов кон мајката. Во продолжение можете да прочитате неколку убави цитати за љубовта кон мајката:
1.Мајка – тоа е банка во која сме ги оставиле сите наши грижи и болка – Томас Де Вит Талмад.
2.Вашата мајка е повредна и позначајна од сите овоземни богатства – Вајолет Џејмс.
3.Јавете и се вашата мајка. Кажете и дека ја сакате. Запамтете, вие сте личноста која ги слушнала отчукувањата на нејзиното срце уште додека не сте биле на овој свет – Рејчел Волчин.
4.Мајчиното срце е длабок понор на чие дно секогаш ќе најдете простување – Оноре де Балзак.
5.Мојата мајка е песна која никогаш нема да успеам да ја напишам, иако се` што ќе напишам – е песна посветена на мојата мајка – Шерон Дабиаго.
6.Го прашале малото девојќе каде е нејзиниот дом. „Таму каде што е мојата мајка“ одговорила таа – Кит Л. Брукс.
7.Оној кој ќе остане без мајка ја изгубил чистата душа која постојано го благословувала и чувала – Халил Џубран.
8.Мајчината љубов е гориво кое му овозможува на човековото суштетсво да го направи дури и невозможносот – Марион Ц. Гарети.