Ова е навистина неверојатна приказна за читање. Приказната за борба на една мајка, нејзините желби и борби за да има дете е многу трогателна. Оваа приказна е навистина феноменална.

Марк и Луис, брачниот пар, се запознале во 1999 година. Тогаш и двајцата сакале да основаат семејство, но никако не успевале во тоа.

Овој брачен пар од Англија се обидувал да ја оствари таа желба уште кога Луис имала 32 години, но без успех.

Заедно со својот сопруг претрпела 18 спонтани абортуси и потрошиле 80 000 фунти за вештачко оплодување, но сето тоа на крај се исплатело.

Секогаш кога таа ќе погледне во својот син Вилијам, таа знае дека нејзината борба не била залудна.

Сега веќе не е толку млада како некогаш и потребно и е време и енергија околу грижата и играта со него, но таа е пресреќна.

Новопечената мајка во својата 48 година вели дека со совојот сопруг никогаш не биле посреќни.

Оваа мајка го опишува чувството кога за првпат го држела својот син во прегратки. Кога лекарот и го дал, таа не можела да верува колку е среќна, како да освоила 100 лотарии.

Целата сторија можете да ја погледнете во видеото: