Голем број луѓе имаат одредени проблеми со јадеж на кожата кој се појавува после туширање или бањање. За многумина тоа е многу непријатно, речиси трауматично искуство, особено кога насекаде по телото ќе започнат да се појавуваат црвени дамки.

Постојат неколку причини зошто се јавуваат вакви непријатни промени на кожата од телото.

1.ПРЕДОЛГО ПОМИНУВАЊЕ ПОД ТУШ/ПРЕТОПЛА ВОДА

Пред сè, тоа може да се случи доколку предолго време се поминува под туш и ако користите премногу топла вода. Најдобро е да се туширате со млака вода или да користите наизменична ладно-топла вода за подобрување на циркулацијата.

Премногу топлата вода ги шири крвните садови, ја измива природната заштита од лојните жлезди, па затоа кожата се затегнува и се суши.

Кожата природно ја заштитува својата еластичност со телесни масла кои ги произведуваат лојните желзди.

Но, доколку премногу долго се престојува под туш и се користи премногу топла вода, оваа заштита од дехидратација се губи, па се јавува јадеж, чешање и црвенило, особено на вратот каде што кожата е најчувствителна.

2.ТВРДА ВОДА

Тврдата вода, исто така, може да биде причина за појава на јадеж после туширањето или бањањето. Тврдата вода е високо алкална вода и во себе содржи голема количина од калциумови јони кои го намалуваат ефектот на сапунот и шампонот, па предизвикуваат црвенило на кожата и чешање.

Минералите од тврдата вода честопати ги затвораат порите на кожата, а тоа е особено штетно за некои интимни подрачја на кожата. Од оваа состојба особено се погодени луѓето кои веќе патат од кожни заболувања како што е дерматитисот.

3.КОЖНИ АЛЕРГИИ НА КОЗМЕТИЧКИ ПРОИЗВОДИ

Чувствителноста на производите за нега и убавина или кожната алергија исто така, може да предизвикаат јадеж и црвенило на кожата, бидејќи некои луѓе се чувствителни на хемикалиите од тие производи.

Ваквите реакции најмногу се појавуваат по нозете и рацете. Може да траат од неколку минути до неколку часови после туширањето, а истовремено може да се појави и осип.

Доколу забележите вакви промени и се сомневате дека сте чувствителни на козметичките производи, веднаш заменете ги со некои што се наменети за нега на бебешка кожа, односно такви кои не содржат силни хемиски соединенија.