Седум дена за појадок јадев по 3 јајца: Резултатите се неверојатни, еве што ми се случи

Стефани Екелкамп раскажува за сопственото искуство откако ги променила утринските навики за појадок. Таа забележала дека повеќе не чувствува глад во 10 часот, како претходно.

Порано за појадок јадела по една банана или јаболко и бидејќи набрзо чувствувала силен глад, одлучила да направи некои промени.

СИТА И БЕЗ НЕРВОЗИ

“Наутро обично сум во големо брзање, па јадам една банана или едно јаболко. Но, забележав дека таквиот појадок ме прави нервозна и веќе силен глад чувствувам многу време пред ручекот.

Затоа одлучив да ги променам навиките и си зададов себеси задача: 7 дена да јадам по три јајца за појадок” – ја започнува својата приказна Стефани.

Loading...

“Прочитав дека таквиот оскуден, овошен појадок е за неактивни луѓе, кои работниот ден го поминуваат во канцеларија, а јас сум доста актива жена.

Се одлучив за јајца, бидејќи тие се богати со протеини и содржат витамини Д, Е, Б12 и минерали, а покрај тоа се евтини во однос на другите здрави намирници.

Јас сум доста активна, јадам поприлично избалансирана исхрана и заклучив дека три јајца секое утро е идеален извор на протеини кои досега немав обичај да ги внесувам во организмот” – вели Стефани, и додава дека вообичаените начини за приготвување брзо и здодеале, па одлучила да додаде малку зачини.

Па така, во кајганата додала пченка и грашок. Ден подоцна, во оваа комбинација додала авокадо и коријандер, а третиот ден на јајцата им додала кељ.

Признава дека тоа не била баш многу вкусна комбинација, ама преживеала. Сфатила дека ништо не смее да и биде изговор за прескокнување на појадокот.

“Пред сè, повеќе не бев гладна цело утро уште од 10 часот наутро, туку без кркорење на стомакот го дочекував ручекот.

Со овој појадок многу полесно се концентрирав на работата, бидејќи не размислував колку сум гладна и не бев нервозна, ниту имав потреба да испијам уште кафе за да го потиснам гладот” – додава таа.

Loading...