Рецептот го добив како Турски сутлијач, но по вкусот многу потсетува на рафаело топчињата, па затоа јас го нарекувам Рафаело крем.
Потребни состојки: 500 мл ладно млеко 40 г кокос, 60 г брашно, 80 г шеќер или по вкус, 1 ванилин шеќер, 1 лажица путер. За наросување: Малку несолени фстаци или сечкани печени лешници и малку кокос
Постапка: во малку поголем сад ставете го ладното млеко, кокосот, шеќерот и ванилин шеќерот. Постепено додавајте го брашното кое сте го промешале со малку издвоено млеко.
Добро изматете со жица за да нема грутчиња, па заедно ставете на оган да проврие со постојано мешање.
Кога ќе проврие додајте го путерот и мешајте да се растопи. Тргнете и сервирајте во четири мали садови. Секој сад прекријте го со проѕирна фолија и оставете неколку часови во фрижидер за да може убаво да се излади.
Пред сервирање наросете малку сечкани несолени фстаци или печени лешници и малку кокос. Уживајте во вкусот.