Ако го сакате макот во десертите, тогаш оваа тпрта ќе ве освои! Пробајте го рецептот за оваа сочна торта од чоколадо и мак со додаток од јаболка.

Потребни состојки:

6 јајца
150 г кафеав шеќер
250 г чоколадо за готвење
150 г путер
1 поголемо јаболко
200 г мелен мак

за глазура:

30 г путер
3 лажици масло
И уште: џем од шипки или вишни

Постапка:

Путерот и чоколадото растопете ги на пареа па оставете ги на страна малку да се разлади смесата. Жолчките пенасто изматете ги со шеќерот. Исто така, белките изматете ги со прстофат сол во цврст снег.

Во изматените жолчки додадете го растопеното чоколадо со путерот, мелениот мак и едно поголемо, ситно изрендано јаболко.

На крај, внимателно додадете го снегот од јаболка, промешајте го со лажица, но да остане смесата воздушеста.

Вака приготвената смеса излејте ја во калап за торти (26 см) претходно обложен со хартија за печење. Колачот печете го во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути. Со чепкалка проверете дали е печен.

Изладениот колач премачкајте го со тенок слој од некој киселкаст џем, на пример од вишни или шипки, а потоа прелијте го со чоколадна глазура.

За приготвување на чоколадната глазура: Путерот и чоколадото растопете ги на пареа или во тенџерече на многу тивок оган.