Фантастичен начин да го спречите ладниот воздух да влегува низ влезната врата! Еве решение кое ќе ја чува топлината во вашиот дом и ќе заштеди доста пари…

Можете да ја потрошите целата енергија и да се потрудите да го загреете домот, но вашите пари и трудот ќе замине неповратно, ако низ празниот простор под вашата врата влегува студен воздух.

Не очајувајте, имаме одлично и многу евтино решение кое ќе помогне да се задржи топлината во вашиот дом многу подолго!

Оваа практична алатка стана многу популарна во светот и многумина веќе ја имаат во својот дом, но во Македонија сè уште не е така позната, а сигурни сме дека на многумина ќе им користи.

Станува збор за “цевка” од стиропор која се купува по многу достапна цена во продавниците за алати и бодобро снабдени продавници за бои и лакови. Резултатите од користењето навистина ќе ве воодушеви. Инаку оваа алатка се користи за изолација на водоводните цевки.

Оваа “цевка” од стиропор е исечена на средината и доволно е само да ја распакувате и да ја ставите под вашата врата. Ладниот воздух веќе нема да влегува во вашиот дом.

Раширете го отворот на цевката и навлечете ја на долниот раб од вратата. Еластичниот стиропор ќе се обликува според вашата врата. Најдобро од сè е тоа што овој практичен предмет нема да пречи во затворањето и отворањето на вратата.