Направете си здрав појадок и уживајте во совршениот вкус кој ќе ве врати во детството…
Потребни состојки:
200 г палента
¾ лажичка сол
25 г путер
50 г свежо крем сирење
500 мл вода
јогурт
Постапка:
Во средно голем сад ставете вода и почекајте да зоврие.
Половина од водата (250 мл) одвојте на страна, а во остатокот додадете сол и путер.
Кога путерот ќе се растопи, намалете го огнот и додадете ја палентата со мешање.
Постојано мешајте за да не се создадат грутчиња, па варете додека да набубри или онолку колку што е наведено според упатството.
По потреба, додека се вари палентата, постепено додавајте од водата која ја тргнавте на страна.
Мешајте до саканата густина, а пред крајот додадете крем сирење. Убаво се комбинира и со јогурт, а исто така и со тврдо кравјо сирење. Сите комбинации се вкусни.