Познатата докторка Антонина Сципина од Русија ги советува своите пациенти како да престанат да пушат за само неколку денови.

Навистина е чудесно како оваа смеса делува, дури и подобро од никотинските фластери. Ја поништува секоја желба за никотин во вашето тело, а приготвувањето е многу едноставно.

Доколку не сте набрале тегавец оваа година, побарајте го во Билна аптека.

РЕЦЕПТ

Земете неколку суви листови тегавец (околу една шака), ставете ги во тегла и прелијте ги со половина литар зовриена вода.

Теглата оставете ја да отстои два часа, а потоа процедете. Течноста треба да се испие во текот на денот. Со секој следен ден, според докторката, вашата желба за никотин би требало се повеќе да слабее.

Тегавецот е предмет на бројни научни истражувања, меѓу кои, токму за никотинското одвикнување и зависности од тутунско уживање.

Не само што помага во чистење на белите дробови, туку ја намалува потреба на организмот за никотин.

Ако го пиете овој чај седум дена, ќе забележите огромно намалување на анксиозната зависност. После неколку дена ќе немате потреба за пушење.

Ако го пиете овој чај еден месец, најверојатно засекогаш ќе престанете со пушење.

Можете да ги џвакате свежите листови

Лековитоста на тегавецот е огромна. Постојат археолошки записи кои сведочат дека тегавецот се користел уште во римско време во Велика Британија. Чајот од лист д тегавец помага кај заболувања на дишните органи и кај кашлица.

Особено се користи во комбинација со мајчина душичка за зголемување на дејството. Во овој случај, комбинацијата е особено делотворна кај бронхитис и астма, како и кај заболувања на црниот дроб и мочниот меур.

Сирупот од тегавец ја прочистува крвта, а самиот лист помага за лекување на сите видови рани, убоди од инсекти, посекотини и изгореници. Доволно е да направите облога од изгмечен и издробен лист од тегавец и да ја фиксирате со завој.