Дали имате хронични дегенеративни заболувања? Ако е така, дали честопати сте ја слушнале оваа изрека: “Сето тоа е во вашата глава?”
Па, веројатно, тоа не е далеку од вистината … коренот на вашата болест може да биде во вашата уста.
Постои една заедничка стоматолошка процедура што речиси секој стоматолог ќе ви каже дека е сосема безбедна и покрај фактот што научниците предупредуваат од неговите опасности.
Секој ден во САД, 41.000 од овие стоматолошки процедури се изведуваат на пациенти кои веруваат дека добиле безбедно и трајно решение за нивните проблеми.
Која е оваа стоматолошка процедура? Коренскиот канал. Повеќе од 25 милиони коренски канали се поправаат секоја година во оваа земја.
Поправените коренски канали на забите во суштина се “мртви” заби кои може да станат подмолни инкубатори на високо токсични анаеробни бактерии, кои можат под одредени услови, да си направат свој пат во вашиот крвоток и да предизвикаат голем број на сериозни болести, а кои многумина од нив се појавуваат децении подоцна.
Повеќето од овие “отровни заби” не се чувствуваат и изгледаат дека се во ред многу години подоцна од нивното поправање, па затоа системските болести потешко се следат.
За жал, поголемиот дел од стоматолозите забораваат на сериозните потенцијални здравствени ризици на кои се изложуваатн нивните пациенти, однодно, на ризиците кои постојат за остатокот од нивниот живот.
Американската стоматолошка асоцијација тврди дека поправките на коренските канали се безбедни, но се’уште не постои вистинско истражување за да се потврди ова тврдење.
Меѓутоа, брилијантните стоматолози како што се д-р Том Стоун и д-р Даглас Кук, за овие опасности предупредупредуваат веќе со децении наназад.
Првите сомнежи за врската помеѓу забите и бројни заболувања кои се јавуваат многу подоцна во животот, ги обелодени уште пред еден век, најголемиот стоматолог на сите времиња Вестон Прајс.
Револуционерниот автор и истражувач д-р Томас Леви се спротивставува на конвенционалното размислување за исхраната и предупредува за некои вообичаени, утврдени ставови кои ги објавил во повеќето негови книги, а најмногу во Death By Calcium (Смрт од калциум).
Тој наведува дека непотребните суплементи од калциум и консумирањето на млечни производи создаваат токсични средини во нашиот организам, кои буквално ни го скратуваат животот за најмалку десет години.
Оваа тема, заедно со витамин Ц, Глутатионот и заканата по здравјето предизвикани од коренските канали и други стоматолошки процедури наведуваат на преиспитување на некои утврдени, вообичаени норми.
Домаќинот Свен Хосфорд придружуван од новинарот Тери Тејлор го анализираат ова контроверзно прашање (погледнете го видото):