За денови на пост на вода, ова е одличен колач, кој не само што е многу вкусен, туку содржи и здрави калории.
Потребни состојки:
200 г брашно (може обично, хељдино, оризово…)
100 г шеќер (може интегрален, ксилотол, брезов)
100 г ореви+50 г
400 мл газирана вода
2 лажици џем
1 прашок за печиво
Постапка:
Во подлабок сад ставете 400 мл газирана вода и џем, па промешајте да се раствори џемот. Потоа додадете го шеќерот, брашното со прашок за печење и мелените ореви.
Мешајте добро за да се изедначи смесата која треба да биде течна.
Плех со димензии 30х20 см обложете го со хартија за печење. Излејте ја смесата рамномерно и протресете.
Печете во загреана рерна на 200 степени, околу 50 до 60 минути. Печениот колач додека е врел премачкајте го со џем од кајсии и наросете го со мелени ореви.
Деталите можете да ги погледнете во видеото: