Home Рецепти Со овој трик конечно гравот можам да го јадам без страв дека...

Со овој трик конечно гравот можам да го јадам без страв дека ќе ми се подуе стомакот, без гасови

2
0

Фото и рецепт: Иванчица

Го обожувам гравот, но ми прави страшни непријатности – ми создава гасови и ми го дуе стомакот, понекогаш и два-три дена.

Што сè не направив: додавав сода бикарбона во варењето, ким, нане, оцет додека го јадев и секојпат со страв дека ќе ми направи проблем.

За среќа една пријателка ми откри еден трик и оттогаш немам мака со гравот.

Потребни состојки:

450 г грав
10 шолји вода

Постапка:

Гравот исчистете го, налејте го со вода и ставете да се готви околу 3-4 минути.

Тргнете го од рингла и оставете да отстои во текот на ноќта и до приготвувањето без промена на водата во која се готвеше.

Бидејќи сега е зима можете едноставно да го оставите надвор на тераса, а летно време чувајте го во фрижидер.

Следниот ден процедете го, измијте го со ладна вода и налејте нова вода. Оставете го да проврие уште еднаш колку еден клуч, па и таа вода процедете ја и натаму приготвувајте го по ваш избор.

На овој начин од гравот во водата каде киснел излегуваат до 80% несварливи шеќери, кои предизвикуваат отежнато варење и подуеност.

Оттогаш па до денес не знам ни сама колку пати го приготвувавме гравот на разно-разни начини, од полнети пиперки со грав, чорбест грав, тавче гравче… и ниеднаш досега немав проблем со гасови и со тоа непријатно чувство на подуен стомак.

Фото и рецепт: Иванчица

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here