Многу лесно се приготвува, а во фрижидер може да стои до 7 дена, па по потреба од него да си правите за што ќе ви затреба.
Потребни состојки: 500 мл јогурт, 500 мл млеко, 1 чаша масло (јогуртна чаша од 180 г), 1 лажичка сол, 1 прашок за печиво, 1 сув квасец, 2 јајца и 1,5 кг брашно
Постапка: Измешајте ги посебно влажните состојки, а посебно сувите состојки, па потоа соединете ги.
Добро измесете го тестото, а потоа ставете го во кеса намастена со масло и добро заврзете ја. Тестото во кеса оставете го во фрижидер да отстои 4 часа. Потоа може да се користи.
Ова тесто може да го користите за слатки, солени кифли и штрудли. Во фрижидер може да стои 7 дена.