-Функционалната магнетна стимулација за побрзо јакнење на атрофичната мускулатура
За повеќе информации на 02/ 30 91 484
Функционалната магнетна стимулација е неинвазивен, безболен метод коj овозможува безконтактна стимулација на површните и длабоките мускулни структури под влијанието на високо магнетно поле со јачина од 1,5 до 2T.
ФМС го збогатува арсеналот на физиотерапевтите во борбата со определни заболувања од кои страдаат пацинетите.
Оваа нова метода го користи рапидното менување на магнетнтото поле ( магнетна индукција) за да предизвика квалитетна мускулна контракција.
Предноста е во интензитетот на магнетото поле кое може да продре до 5 см во меките ткива и да предизвика контракции на длабоките мускулни структури кои најчесто не може да се достигнат со стандардната електростимулација .
Методата е безболна и неинвазивна, може да се спроведе без директен контакт со кожата, а третманите се прилагодуваат индивидуално за секој пациент врз оглед на неговата состојба. Времетраење на третманот е од 10-20 минути во серија од 10 третмани, секој втор ден .
Не се потребни посебни претходни подготовки за спроведување на терапијата ,единствено соодветно позиционирање.
Со користење на апликатор за ФМС не е потребно претходно лоцирање на моторните точки на мускулите или нервите за да биде спроведена терапијата. Апликатори кои се користат за овааа метода се така дизајнирани за да предизвикаат соодветна мускулна контракција.
Со овoj метод можеме многу поедноставно и побрзо да постигнеме јакнење на атрофичната мускулатура, сензорен инпут, како и нервномускулна редукација на движењата.
Индикации за третман:
-пореметувања на мускулоскелетниот систем;
-дегенеративни артритиси;
-ревматоидни артритиси;
-болки во мускулите;
-пореметување во `рбетот (акутни/хронични лумбалгии, ишијас, спина бифида, спондилитис);
-пореметувања во нервите (периферни нервни оштетувања);
-мускулна релаксација;
-смрзнато рамо;
-рехабилитација на нерви и мускули по фрактури;
-спортски повреди;
-контрола на болка,
-мускулна атрофија,
-анкилози и
-урогенитални заболувања.
Контраиндикации: траен пејсмејкер; малигни аритмии; поставување на апликаторот преку каротиден синус; бременост; метал во третираната регија (зглобни импланти, остеосинтетски материјал и сл.)
За повеќе информации на 02/ 30 91 484