Некои трикови навистина можат да ни послужат во секојдневните домашни задачи. Повеќето луѓе користат хемиски средства за разни активности, кои најчесто се штетни и лошо влијаат врз целокупното здравје.

Затоа, колку е можно, треба тие хемикалии да се заменат со некои природни состојки. Дали знаевте дека црвениот кромид може да помогне во домашните задачи?

Всушност, освен што ги избелува темните дамки од кожата, може да помогне и во чистењето на некои тврдокотни дамки од облеката или кујнските крпи.

Пресечете парче кромид и истријте го врз дамките, оставете неколку минути да делува, па потоа исперете.

Ако го користите за кожа, тогаш истријте ги добро дамките и оставете да делува 15 минути, па потоа исплакнете. Се повторува до двапати дневно.

Кромидот помага благодарение на сулфурните соединенија кои делуваат како антисептик, а заедно со киселините делува како пилинг за кожата.

Познато е дека кромидот има антиоксидантно, антивоспалително, антибактериско, антигабично дејство. Затоа треба почесто да се консумира.

Може да го исцедите, па сокот да го помешате со мед и да го испиете. Ќе го исчисти вашиот организам, ќе делува антивоспалително и антиканцерогено.

Можеби не го сакате кромидот, но обидете се да се навикнете на него и да го користите во исхраната. Многу е здрав, а може да помогне и за нега на кожата, како и во домаќинството.